Иран побара од Германија да ја разјасни улогата на американската воздушна база Рамштајн во конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Иранскиот амбасадор во Германија, Маџид Нили, потврди дека Техеран официјално побарал појаснување од германските власти.

Базата Рамштајн, која се наоѓа во западна Германија, е една од клучните воени точки на САД во Европа и функционира како голем воен центар со илјадници вработени.

Иако се наоѓа на германска територија, базата има посебен статус и германските власти можат да влезат само со дозвола од американската команда.

Основана во 1952 година на поранешен аеродром од времето на нацистичка Германија, Рамштајн со децении прерасна во важен центар на САД и НАТО, а според некои проценки таму во минатото било складирано и американско нуклеарно оружје.

Текстот Иран до Берлин: Објаснете ја улогата на „Рамштајн“ или ќе има последици е превземен од МАКФАКС.