Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на оружје вредна повеќе од 16,5 милијарди долари на Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Јордан, пренесе Ројтерс.

Најголемиот пакет е за Емиратите и надминува 8,4 милијарди долари, вклучувајќи проектили, дронови, радари, муниција и надградби за авиони Ф-16. Кувајт би добил радарски системи за противвоздушна и противракетна одбрана вредни околу 8 милијарди долари, додека за Јордан е одобрена поддршка за авијација и муниција од околу 70,5 милиони долари.

Одлуката доаѓа во услови на засилување на конфликтот со Иран, по нападите врз енергетска инфраструктура, што доведе до раст на цените на гасот и нафтата.

Како главни изведувачи се наведени компаниите RTX Corporation, Northrop Grumman и Lockheed Martin.

Текстот САД одобрија оружје вредно 16,5 милијарди долари за Блискиот Исток среде ескалацијата со Иран е превземен од МАКФАКС.