Германскиот синдикат „Верди“ организираше предупредувачки штрајк во јавниот превоз, што резултираше со прекин на автобуските и трамвајските услуги во неколку покраини, вклучувајќи ги Северна Рајна-Вестфалија, Саксонија-Анхалт, Хамбург и Минхен.

Во Хамбург, метрото и автобусите беа погодени, додека фериботите и С-Железницата сè уште работат, објави „Шпигел“.

Локалниот јавен превоз во Северна Рајна-Вестфалија е во голема мера парализиран, освен во Минстер, каде што штрајкот не влијаеше на компанијата.

Индустриската акција во Саксонија-Анхалт продолжува до недела во градови како Магдебург, Хале и Десау-Рослау.

Во Баварија, покрај Минхен, погодени беа и Аугсбург, Регенсбург, Бамберг и Пасау, додека штрајкот во Нирнберг ќе продолжи утре и задутре.

„Верди“ наведува дека ова е трет предупредувачки штрајк како дел од тековните преговори за платите и подобрувањето на условите за работа во јавниот превоз.

Договори веќе се постигнати во Баден-Виртемберг, Шлезвиг-Холштајн и Хесен, додека преговорите продолжуваат во Берлин, Сарланд, Баварија, Бранденбург и други покраини.

Потпретседателката на „Верди“, Кристин Бел, истакна дека, дури и по четири месеци преговори, договор за платите и условите за работа сè уште не е постигнат во повеќето федерални покраини, пренесува Танјуг.

Текстот Штрајкови низ Германија: запрени автобуси и возови е превземен од МАКФАКС.