Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 34-годишниот В.В., 30-годишниот Р.М. и 22-годишниот В.Ј., сите од Штип.
При преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Додека, по преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Текстот Уапсени тројца штипјани во Куманово: пронајдена дрога во возило кое го управувало лице со активна забрана е превземен од МАКФАКС.























