„Манипулациите на работниците не поминуваат, на ССМ и СДС веќе никој не им верува. Од ден на ден се повеќе ја губат и онаа мала поддршка што ја имаа од граѓаните. Тоа се виде на дебаклот од изминатиот викенд, каде на протестот на ССМ, наместо да има вистински работници, имаше само партиски челници на СДС кои со маици со логото на партијата беа во првите редови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Целата организација и логистика на таканаречениот синдикален протест, беше во рацете на лица од општинските организации на СДС. Но на крајот и ССМ и СДС доживеаја фијаско и автобусите до Скопје патуваа празни.
Тоа е јасен доказ дека СДС и ССМ се прочитани и дека дури ни нивните членови не им веруваат. Исто така, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на ССМ во координација со СДС.
Ова ССМ на чело со Слободан Трендафилов, свесно се стави во служба за заштита на интересите на СДС, а не во заштита на правата на работниците.
Неколкумината во врвот на ССМ со трендафилов на чело, работат директно во интерес на СДС и нивните политики, а нивната крајна цел е да им наштетат на Владата, која посветено работи и дава максимални напори за да овозможи подобри услови и повисоки плати за сите.
Меѓу ССМ и СДС нема разлика и затоа, се повеќе вистинските работници кои се членови на синдикатот, се прашуваат дали се дел од синдикално здружување или пак од политичката партија.
Но тоа што многу добро работниците го знаат е дека и СДС и ССМ не работат во нивен интерес и не ги штитат нивните права.
Вистинскиот партнер на работникот и на сите граѓани, останува ВМРО-ДПМНЕ, што со конкретни мерки и политики го подобрува животниот стандард, во континуитет ги зголемува платите и ја зацврстува економијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за манипулација на работниците се прочитани, на СДС и ССМ веќе никој не им верува е превземен од МАКФАКС.























