Трилатералните преговори меѓу Украина, САД и Русија се одложени поради ситуацијата на Блискиот Исток, но тимовите остануваат во секојдневен контакт. Ова го потврди Георгиј Тихи, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи, пренесува „Украинска правда“.
Тихи истакна дека трилатералните консултации веќе се одложени неколку пати и сега се повторно на чекање. „Тие не се напуштени или откажани, тие само се одложени. Нема потреба да се бараат скриени значења.
Вниманието на САД навистина во моментов е целосно насочено кон Блискиот Исток. Во такви околности, процесот на преговори е на чекање, иако тимовите се во секојдневен контакт едни со други“, рече тој.
Тој додаде дека „контакти на работно ниво навистина се одржуваат“, но дека состаноците на највисоко ниво, „идеално состанок меѓу лидерите“, се потребни за да се унапреди процесот. Тихи, исто така, нагласи дека Русија не покажала подготвеност за дипломатски процес.
Да потсетиме, претседателот Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Украина е подготвена за нова рунда разговори за завршување на војната, но дека времето и местото сè уште не се договорени поради различните позиции на САД и Русија.
Зеленски, исто така, инсистираше на потребата од средба со американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека некои прашања остануваат нерешени. Во меѓувреме, „Фајненшл тајмс“ објави дека Трамп губи интерес за преговори за мирно решавање на војната во Украина бидејќи е фокусиран на Иран.
Текстот Фокусот на Трамп на Иран ги одложува мировните преговори за Украина е превземен од МАКФАКС.























