Две лица се уапсени во најновите случаи поврзани со семејно насилство во Скопје и Кичево.

На 17.03.2026 во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.03.2026 во 00:00 чaсот во СВР Скопје, 60-годишна жена од скопско, пријавила дека на 17.03.2026 околу 19:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.03.2026 во 19:50 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.Ш.(50) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во селото физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Три нови пријави за семејно насилство во Скопје и Кичево е превземен од МАКФАКС.