Полицијата уапси скопјанец кој се однесувал агресивно и се заканувал на вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Скопје, агресивно се однесувал кон вработените и упатувал закани за неговата 33-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка, а која во моментот не била присутна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Текстот Скопјанец агресивно се однесувал и се заканувал на вработени во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа е превземен од МАКФАКС.























