Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудатаод 13 години затвор на Васил Јованов, кој лани на пешачки премин на усмрти Фросина Кулакова.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години“, велат од судот.
Претходно, на крајот на минатата година, Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Тој во јануари, управувајќи возило со брзина од 91 километри на час, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која починала на лице место.
Текстот Врховниот суд го одби барањето, возачот кој ја прегази Фросина на „Партизанска“ ќе остане во затвор 13 години е превземен од МАКФАКС.























