ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија во пракса, изјави финскиот претседател Александар Стуб, објавено од финскиот весник „Илталехти“.
„Европа никогаш нема да признае дека евентуалните територијални отстапки на Украина се правно или во принцип (де јуре) дел од Русија. Во пракса (де факто), работите може да бидат поинакви“, рече тој, зборувајќи во британскиот аналитички центар „Чатам Хаус“, пренесува Спутник.
Според Стуб, на ЕУ ѝ е потребна поголема флексибилност и надворешно и внатрешно за да ги следи промените во глобалниот поредок.
Финскиот претседател претходно изјави дека Европа се приближува кон моментот кога треба да „ги отвори каналите на политички дијалог со Русија“.
Фото: ЕПА
Текстот Финскиот претседател: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија е превземен од МАКФАКС.























