Синоќа на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода Ј.Д.(32) од Охрид, кој се сомничи дека на истата улица физички нападнал малолетник од овој град.

Истиот ден, во 23:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на истата улица, А.Ц.(25) од Охрид физички нападнала друг малолетник од Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

Текстот Маж приведен по напад врз малолетник во Охрид, жена осомничена за втор инцидент е превземен од МАКФАКС.