Рано утрово, училиштето за момчиња „Шахид Хомеини“ во иранскиот град Хомеин беше нападнато, а иранската новинска агенција Фарс го опиша инцидентот како „американско-израелски напад“. Објавени се и фотографии на кои се гледа голема штета на училишната зграда, објавија иранските новински агенции.
Заменик-гувернерот на покраината Маркази подоцна потврди дека нема жртви во нападот. Во соопштението објавено од новинската агенција Мехр, тој рече дека покрај училиштето, оштетени се и голем број околни куќи.
Иранската Црвена полумесечина, исто така, извести за нападот, споделувајќи ги истите фотографии на Телеграм што Фарс претходно ги објави. Сликите беа придружени со натпис: „Воздушен напад врз училиштето Хомеин“.
Текстот (Фото) Ирански медиуми: Во воздушен напад погодено училиште за момчиња е превземен од МАКФАКС.























