Девојка на возраст од околу 20 години вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител врши истрага како дошло до несреќата.

Според официјалните информации од СВР Тетово, настанот се случил синоќа околу 18:40 минути. Случајот бил пријавен од Итната медицинска помош, кои интервенирале. Тие им кажале на полицајците дека „женско лице паднало од балкон“.

Поради сериозноста на повредите, девојката е пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Увидот бил завршен уште во текот на вчерашниот ден. Засега нема други детали од страна на полицијата.

Текстот Млада девојка паднала од балкон во Тетово е превземен од МАКФАКС.