Иран соопшти дека Ормускиот теснец не е целосно затворен, туку дека ограничувањето важи само за танкери и бродови што припаѓаат на непријателите на Техеран и нивните сојузници.
Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесуваат иранските државни медиуми.
Арагчи предупреди дека Иран ќе нападне објекти на американски компании во регионот доколку иранската енергетска инфраструктура стане цел на нови напади.
„Ормускиот теснец е затворен само за танкери и бродови што им припаѓаат на непријателите на Иран и на нивните сојузници“, изјави Арагчи.
Тој додаде дека Техеран ќе постапува внимателно и ќе се обидува да избегне напади врз населени подрачја, иако, како што нагласи, Иран е подготвен да возврати ако неговите енергетски капацитети бидат нападнати.
Текстот Иран: Ормускиот теснец е затворен само за нашите непријатели е превземен од МАКФАКС.























