Скопската полиција привела 40-годишен маж откако бил пријавен дека физички го нападнал својот татко и му го опожарил автомобилот.
Како што соопштија од МВР, на 11 март 2026 година во 02:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т. (40) од Скопје.
Според пријавеното, околу 01:30 часот тој физички го нападнал својот 61-годишен татко, по што му го опожарил патничкото возило.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Текстот 40-годишник во Кисела Вода го нападнал својот татко и му го запалил автомобилот е превземен од МАКФАКС.























