Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески информираше дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43.
„Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните.
Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 м² простор што секојдневно го користат жителите, создавајќи поуредена и пофункционална околина за сите.
Проектот се реализира со поддршка од Владата и е во вредност од над 8,2 милиони денари“, вели Митески.
Текстот (Фото) Митески: Срцето на Ново Лисиче добива нов лик е превземен од МАКФАКС.























