Вчера во 18:40 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници го приведоа С.С.(36) од кичевското село Горно Добреноец.

При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници на улицата „11 Септември“, сопреле патнички автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки и откако му биле побарани возачки документи, тој го стартувал возилото и избегал од местото.

По кратко време, на улицата „Гоце Делчев“ , бил повторно сопрен и било констатирано дека тој, немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило, а при извршено алкотестирање, биле констатирани 0,11 промили алкохол во крвта.

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Приведен возач без возачка, прво избегал од полиција, за кратко време бил пронајден е превземен од МАКФАКС.