„Правосилните судски пресуди во корист на СКРМ и вработените во културата беа донесени во Националната установа Театар Гостивар. И токму таму, вчера, по брза постапка беше разрешен директорот. Сега основано се поставува прашањето – Дали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониран“, прашуваат од Синдикатот на културата на Република Македонија.
„Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат. Платите на вработените во Театар Гостивар мора да бидат исплатувани согласно судската одлука без разлика дали тоа му се допаѓа на министерот или не.
Министерот претходно разрешуваше Управни одбори, кога носеа одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори донесат одлуки по негова желба. Сега еве почна да разрешува и директори, небаре тие се виновни што судот донел правосилна пресуда и размислуваат малку поинаку од него.
Кога ја имаш власта се можеш да направиш, но едно нешто не можеш , а тоа е да ја сокриеш вистината.! Вистината, како што велеше еден поранешен премиер, е како шило, колку и да се обидувате да ја притиснете, на крајот секогаш излегува на виделина.
А правосилните судски пресуди не можат ниту да се укинат, ниту да се поништат, ниту да се запалат. По нив мора да се постапува, министре. И тука не се декларира никаква политика како што велите, туку судска одлука министре!“, се наведува во објавата на Синдикатот на културата на Република Македонија.
Текстот Реакција на СКРМ по разрешувањето на директорот на Театар Гостивар: „Дали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониран“ е превземен од МАКФАКС.






















