Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, денес ги отфрли заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можни трговски мерки против Шпанија, велејќи дека секој потег против Мадрид би бил бесмислен и во суштина би извршил притисок врз целата Европска Унија, пренесува Анадолу.

„Трговската политика на Европската Унија е заедничка политика, а институцијата одговорна за трговската политика – Европската комисија – многу јасно стави до знаење: секој обид за агресија против земја или трговска принуда кон земја-членка на Европската Унија е јасно насочен против целиот единствен пазар и сите земји од ЕУ“, изјави Албарес за RTVE.

На прашањето дали САД би можеле да преземат мерки против Шпанија, Албарес рече дека тоа е прашање на кое Трамп треба да одговори, но додаде: „Убеден сум дека ништо нема да доведе до каква било акција против Шпанија“.

„Шпанија е слободна и суверена земја која сама донесува одлуки“, нагласи тој.

Тој додаде дека политиките на Шпанија се „во согласност со европските вредности и принципите на Повелбата на Обединетите нации што го почитуваат меѓународното право“.

фото/Depositphotos

Текстот Шпанија одговари на заканите од Трамп е превземен од МАКФАКС.