Првата победничка на „Американски идол“, Кели Кларксон, откри дека никогаш не ги добила ветените милион долари по победата во шоуто во 2002 година.
Во својата емисија „The Kelly Clarkson Show“ таа објасни дека наградата всушност не била исплатена како пари, туку како инвестиција во нејзината музичка кариера.
„Ми рекоа: ‘Освои милион долари’. Но всушност не ги добив. Тоа беше инвестиција во мене вредна милион долари“, изјави Кларксон.
Таа додаде дека не го добила ниту автомобилот што ѝ бил ветен по победата.
Иако наградите не биле исплатени како што очекувала, Кларксон по победата изгради успешна музичка кариера и стана една од најпознатите поп-пејачки, со повеќе хитови и освоени Греми награди.
Depositphotos
Текстот (Видео) Кели Кларксон: Никогаш не ги добив ветените милион долари од „Американски идол“ е превземен од МАКФАКС.























