Меѓународниот аеродром во Кувајт утрово беше цел на напад од неколку дронови, но во инцидентот немаше жртви, соопшти Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Кувајт.

Портпаролот на Дирекцијата, Абдула ал-Раџи, за кувајтската државна новинска агенција „КУНА“ изјави дека нападот предизвикал материјална штета на некои од објектите на аеродромот.

Тој изјави дека инцидентот е решен во согласност со планот за вонредни состојби што е на сила од почетокот на тековната криза, во целосна координација со надлежните институции во земјата, пренесува „The Kuwait Times“.

Ал-Раџи нагласи дека Управата за цивилно воздухопловство континуирано ги презема сите потребни мерки за зачувување на безбедноста и сигурноста на цивилното воздухопловство, пренесува Танјуг.

Текстот Кувајт: Неколку дронови го нападнаа аеродромот, погодени се згради е превземен од МАКФАКС.