СДС како грамофонска плоча истата приказна ја вртат секој ден, постојано фабрикуваат, шират лаги и манипулации. Грaмофонската плоча кај СДС врти, приказната им е иста во секое соопштение или прес-конференција само довербата кај народот им исчезнува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Институциите ги демантираат секој ден, ама СДС си тера по свое како грамофонска плоча што се врти и ја повторува истата приказна.
Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија а самиот Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа. Денес 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата, претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор.
Секојдневни деманти од институциите, а СДС упорно со истите лаги. Уште една лага на СДС падна во вода, и кога Антикорупциска пресече, дека нема судир на интереси кај Томовски во случајот со фирмата Сити аутсорсинг но од СДС продолжија со спинови“.
Тоа е доказ, според владејаќката партија, за дното каде што се СДС, трета партија со 130 илјади гласа без консолидирани структури. Самиот Битиќи, како што велат, ги демантира Филипче и СДС и во емисија каде кажа дека СДС не е консолидирана. „Битиќи призна дека СДС нема да биде конкурентна за следните избори.
Наместо извинување за лагите СДС продолжува да конструира приказни и измислува теми во кој никој не верува. На Македонија и е неопходна консолидирана и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта а не фабрика за лаги и неодговорно однесување со намалена улога во демократските механизми“.
Текстот СДС како грaмофонска плоча, институциите ги демантираат, тие вртат исти лаги за мигранти секој ден додека довербата кај народот им исчезнува, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.























