Позната по своите атрактивни, па дури и би можело да се каже провокативни изданија, познатата пејачка Рита Ора и овој пат реши да ја разбуди имагинацијата на многу луѓе.
На својот официјален Инстаграм профил, каде што редовно „качува“ фотографии од својот приватен и деловен живот, таа објави компилација од речиси голи изданија.
Таа позираше во различни комбинации, но сите тие имаат едно заедничко – откриваат витко тело и „убиствени“ стомачни мускули.
Првата фотографија привлече внимание, имено „бикини“ направено од синџири и минијатурни капи за роденден, со кои носеше соодветни гаќички.
Фотографиите се направени зад сцената на моден едиторијал во списанието „Crash“, а малкумина останаа рамнодушни на оваа сцена. Коментарите само продолжуваа да се нижат, а многумина ѝ порачаа дека е нереална.
Текстот (Фото) Милиметри ја делеа од скандал: Познатата пејачка за малку ќе ги покажеше градите е превземен од МАКФАКС.























