Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи претежно стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Текстот Сончево и релативно топло, максималната температура до 21 степен е превземен од МАКФАКС.























