Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност, напиша на својот фејсбук профил, вицепремиерот Николоски и додаде:
„Инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата беа главни тема на разговорите на високо ниво што ги водев со претставниците на Светска банка во Вашингтон.
Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата.
Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носи догорочен раст и зголемена конкуретнтност.
Ги презентирав плановите за реализацијата на клучните стратешки коридори 8 и 10. Зборувавме и за можностите за модернизација на целата железница во државата.
Најавуваме нови проекти за општините со кои ќе го подигнеме локалниот економски развој и квалитетот на живот на нашите граѓани” – објави вицепремиерот Николоски
Текстот Николоски: Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата е превземен од МАКФАКС.























