Два одвоени инцидента во здравствени установи се пријавени во СВР Скопје, информира полицијата.
На 10 март 2026 година во 13:30 часот, од здравствена установа на подрачјето на Карпош било пријавено дека претходната вечер околу 22:50 часот пациентот Б.Ш. (40) од Велес се однесувал агресивно и упатувал закани кон вработени во установата. Тој оштетил дел од инвентарот и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден од полициски службеници и задржан во установата. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во друг инцидент, на 10 март во 11:45 часот, во СВР Скопје вработена од здравствена установа на подрачјето на Центар пријавила дека додека ги извршувала своите работни задачи била физички нападната од едно лице, кое ѝ упатило и закани.
И за овој случај полицијата презема мерки за утврдување на сите околности.
Фото: Depositphotos
Текстот Инциденти во здравствени установи во Скопје: закани, оштетен инвентар и физички напад е превземен од МАКФАКС.























