Од три на две ипол години ѝ е намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ, која со автомобил на пешачки премин и возење со поголема брзина од дозволената го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, наспроти Македонскиот народен театар во Скопје.
Несреќата се случи во 2022 година, а предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда.
Синот на загинатиот пешак, Столе Ангеловски, рече дека е незадоволен од пресудата и оцени дека казната е премногу ниска.
„Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и шест месеци за обвинетата која направила сериозни прекршоци – брзо возење и незастанување на пешачки. Судството не е на два процента, туку е на минус 20 проценти. Ова е шокантна и некоректна пресуда“, изјави Ангеловски.
Кумановката што го прегази пешакот кај „Гоце Делчев“: Не се чувствувам виновна
Текстот Намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ која усмрти пешак на мостот „Гоце Делчев“ е превземен од МАКФАКС.























