Актерот Хју Џекмен наводно ја запросил својата девојка Сатон Фостер и планира интимна свадба во Њујорк, но се соочува со една пречка – своите деца, пишуваат странски медиуми.
Џекмен неодамна го финализираше разводот со долгогодишната сопруга Дебора-Ли Фернес, со која има две посвоени деца, Оскар и Ава.
Според извори, неговите деца се силно лојални на мајката и тешко го прифаќаат новото поглавје во животот на нивниот татко.
Иако никој официјално не ги потврдил свршувачката и свадбата, се наведува дека актерот сака интимна церемонија подоцна оваа година во Њујорк, откако ќе биде финализиран разводот на Фостер од нејзиниот поранешен сопруг.
Изворите велат дека Џекмен сака децата да бидат дел од свадбата и не сака да го прослави големиот ден без нив.
Текстот Хју Џекмен подготвува нова свадба, но се соочува со една пречка е превземен од МАКФАКС.























