Поп-ѕвездата и бизнисменка Ријана беше забележана како го напушта Лос Анџелес со приватен авион, откако жена беше обвинета за обид за убиство по пукањето кон нејзината вила во Беверли Хилс.
Според објавени снимки, пејачката со придружба пристигнала со автомобил до приватниот дел на аеродромот Ван Најс, по што заминала со мал приватен авион.
Полицијата претходно го обезбедувала просторот околу нејзината резиденција, додека од куќата биле изнесувани куфери и други работи.
Инцидентот се случил во неделата, кога, според аудио снимка од службата за итни случаи, кон куќата биле испукани десет куршуми. Во моментот на пукањето Ријана наводно била во домот.
Осомничената, идентификувана како Ивана Ортиз (35) од Флорида, е уапсена и обвинета за обид за убиство. Таа е задржана со кауција од 10,2 милиони долари.
Полицијата соопшти дека жената наводно пукала од бел автомобил „Тесла“. Подоцна била пронајдена и уапсена на паркинг во Шерман Оукс со помош на полициски хеликоптер.
Засега не е познато дали заминувањето на Ријана од Лос Анџелес е директно поврзано со инцидентот или станува збор за претходно планирано патување.
Фото: depositphotos
Текстот По нападот врз нејзината куќа, Ријана забележана како заминува од Лос Анџелес е превземен од МАКФАКС.























