Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс наводно се наоѓа под голем емоционален притисок по неодамнешното апсење поради сомнение дека возела под дејство на алкохол, додека дел од нејзиното семејство се обидува да ја убеди повторно да воспостави контакт со татко ѝ Џејми Спирс.
Според извор близок до семејството од Лос Анџелес, пејачката е вознемирена од обидите за помирување.
„Џејми повеќе не сака целосно да биде отсечен од ќерка си. Се надева дека ќе добие шанса да разговараат и да најдат заеднички јазик“, изјавил изворот.
Сепак, блиски лица тврдат дека Спирс тешко ја прифаќа идејата за помирување поради долгогодишните тензии меѓу нив.
Во меѓувреме, нејзините синови, Шон Престон и Џејден, наводно ја поддржуваат идејата семејството повторно да се зближи.
Бритни Спирс беше под правно старателство на татко ѝ од 2008 до 2021 година, период кој предизвика големо внимание во јавноста и кампањата „Free Britney“.
Минатата недела полицијата во Калифорнија ја уапси пејачката поради сомнение дека возела под дејство на алкохол. Таа треба да се појави пред суд на 4 мај.
Фото: Depositphotos
Текстот Бритни Спирс под стрес по апсењето: семејството ја убедува да се помири со татко ѝ е превземен од МАКФАКС.























