Во СВР Битола вчера во 15:50 часот, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.

Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала парите на лице позади зградата во која живее, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.

Текстот Измамена 80-годишна битолчанка: и кажале дека ќерка и е повредена во сообраќајка и потребна е итна операција е превземен од МАКФАКС.