Полицијата уапси професор во средно училиште во Скопје кој, според пријавата, барал од 18-годишна ученичка да имаат полови односи.
Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.
Текстот Уапсен професор од средно училиште во Скопје, барал да има полови односи со ученичка е превземен од МАКФАКС.























