Пејачката Мадона, која долго време ја интригира јавноста со своите провокативни изданија, стана заштитно лице на кампањата на Долче и Габана за модната куќа. По повод модниот едиторијал, таа се врати на естетиката од нејзината легендарна ера „Like a Virgin“ и носеше невестинска долна облека.
На мала сцена во Милано, таа ја изведе песната „La Bambola“, а нејзината облека привлече внимание. Носеше шорцеви, мрежести хулахопки и бел корсет, а на изданието додаде долг превез и чипкани ракавици.
Таа го заокружи овој невестински стил со дијамантски ѓердан со крст, бел крзнен капут и лакирани чевли.
Коментарите од обожавателите постојано пристигнуваа, а многумина ѝ пишуваа дека изгледа нереално – дури и по толку години!
Текстот (Видео) Се соблече во долна облека и ја оживеа култната сцена: Затоа таа е сè уште кралица на поп-музиката е превземен од МАКФАКС.























