Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 9 март, изјави дека Иран „направил голема грешка“ со изборот на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер, откако неговиот татко беше убиен во американско-израелски напад.
„Мислам дека направија голема грешка со изборот на Мојтаба Хамнеи“, изјави Трамп за Ен-Би-Си њуз.
Претходно тој го опиша синот на ајатолахот Али Хамнеи како „лесна категорија“. Трамп исто така рече дека „прерано е да се зборува“ за заплена на иранската нафта, но додаде дека „тоа не го исклучува“.
Текстот Трамп: Иран направи голема грешка со изборот на Мојтаба Хамнеи е превземен од МАКФАКС.























