Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини Соединетите Американски Држави дека со своите напади го дестабилизираат пазарот на нафта.

Во објава на социјалните мрежи американската кампања ја нарече „Операција епска грешка“, алудирајќи на американското име на операцијата „Epic Fury“ (Епски бес).

Покрај снимка од екранот со глобалните цени на нафтата напиша: „Знаеме дека САД планираат напади врз нашите нафтени и нуклеарни постројки во надеж дека ќе го ограничат огромниот инфлаторен шок. Иран е целосно подготвен.“

„И ние имаме многу изненадувања во ракавот“, додаде тој.

Фото: Depositphotos

Текстот Иран: Нападите на САД го дестабилизираат пазарот на нафта е превземен од МАКФАКС.