Хјуман рајтс воч денес го обвини Израел за нелегална употреба на бел фосфор во нападот врз јужен Либан, а Израел, од своја страна, го обвини Иран дека продолжува да користи касетни бомби во своите напади. Хјуман рајтс воч (ХРВ) го обвини Израел за нелегална употреба на бел фосфор во напад врз станбена населба во јужен Либан минатата недела.
Во извештај објавен денес, организацијата соопшти дека успеала да потврди и геолоцира седум од снимките. Запаливите својства на белиот фосфор можат да бидат фатални или да предизвикаат сериозни повреди со доживотни последици.
„Нелегалната употреба на бел фосфор од страна на израелската војска над станбените области е исклучително алармантна и ќе има сериозни последици за цивилите“, рече Рамзи Кајс, истражувач на ХРВ за Либан. Израелската војска првично не ги коментираше обвинувањата.
Белиот фосфор се пали кога ќе дојде во контакт со кислород од воздухот и продолжува да гори сè додека не се потроши или не се прекине снабдувањето со кислород. Дополнителниот протокол на Женевските конвенции за меѓународно хуманитарно право забранува употреба на фосфорно оружје ако постои ризик дека тие првенствено ќе бидат насочени кон цивили.
Пред нападот на 3 март, израелската војска ги повика цивилите да се евакуираат и да останат најмалку 1.000 метри од областа на нападот, соопшти HRW во извештај. Не можеше да се потврди дали некој во областа е повреден од бел фосфор.
Во меѓувреме, израелската војска го обвини Иран во понеделникot дека повторно користел касетни бомби во ракетните напади врз Израел. Портпаролот на војската не прецизираше кој дел од земјата бил цел.
Употребата на касетни бомби е широко осудена од меѓународната заедница бидејќи тие неселективно покриваат големи области со експлозивни направи и се особено опасни за цивилите.
Израел го обвини Иран дека намерно пука со ваков вид муниција во цивилни области. Портпарол на израелската војска им рече на новинарите дека Иран користи касетни бомби против израелските урбани центри „скоро секојдневно“ од почетокот на оваа војна. „Тие се насочени кон големи градови“, рече тој.
Жртвите на иранските напади во Израел досега беа исклучиво цивили. Тој објасни дека касетната муниција е општ термин за ракета или проектил што содржи повеќе боеви глави или експлозивни полнења. „Го гледаме ова во различни варијанти“, додаде портпаролот.
Текстот Хјуман рајтс воч: Израел користел фосфор врз цивили, Иран касетни ракети е превземен од МАКФАКС.























