Општина Аеродром во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, денеска започна голема заедничка акција за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територијата на Општина Аеродром, информираат од таму.
Градоначалникот Дејан Митески и в. д. директорот на претпријатието Муамер Сефери извршија увид на теренот, каде што екипите со соодветна механизација работат на повеќе локации.
„Се врши машинско косење на тревните површини, собирање откос и лисја, кроење и уредување на вегетацијата, обликување на дрворедите покрај велосипедските патеки, како и одржување на чистотата и отстранување на собраната зелена маса.
Овие активности се од особено значење за Општина Аеродром, бидејќи уреденото и одржувано зеленило директно придонесува за поквалитетна животна средина, повеќе простор за рекреација и подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните.
Општина Аеродром ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период“.
Текстот Општина Аеродром: Голема акција за уредување на зелените површини е превземен од МАКФАКС.























