Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

На средбата се разговараше за активностите и проектите што ги спроведува Општина Центар, како и за можностите за продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи и проекти.

„Имавме одлична средба, со посебен фокус на проектите и плановите за подобрување на услугите за граѓаните и процесот на децентрализација. Поддршката од САД ни значи многу, бидејќи ни помага да ги унапредуваме практиките и да продолжиме да се развиваме како модерна и отворена општина“, рече Герасимовски.

Toj истакна дека Општина Центар континуирано вложува во крупни инфраструктурни проекти, поттикнување на локалниот развој и унапредување на јавните услуги, како и во иницијативи што го подобруваат секојдневието на жителите и ја зголемуваат ефикасноста на општината.

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка определба за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Општина Центар и амбасадата на САД во земјава

Текстот Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар е превземен од МАКФАКС.