Денес во рамки на Комисијата за Политички систем и односи меѓу заедниците на иницијатива на политичката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, донесовме одлука за организирање на јавна расправа по повод новиот реформски закон за Јавното обвинителство, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Како претседател на Комисијата сметам дека ова е многу важен закон, многу важно законско решение, затоа што независно од која политичка номенклатура доаѓаме, сите ние разговараме со граѓаните и знаеме дека правосудството е рак рана на нашето општество, а особено во делот на Јавното обвинителство, каде што, поради начинот на функционирање на Јавното обвинителство, многу од предметите кои што треба да добијат судска разврска, не можат да стигнат ниту до судовите во Р. Македонија, затоа сметам дека реформирањето на Јавното обвинителство и тоа како претставува еден сериозен и реформски закон“, рече тој.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ организира јавна расправа за новиот закон за Јавно обвинителство е превземен од МАКФАКС.