Вчера во Гостивар, полициски службеници од НККР Гостивар го лишија од слобода Б.Х. од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Подоцна, околу 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници извршија претрес во домот и помошните простории на Ј.К. (33) во Гостивар, кој претходно му продал марихуана на Б.Х..

При претресот пронајдена е марихуана, Ј.К. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица е превземен од МАКФАКС.