Времето денес ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпадне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните ледува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
Текстот Променливо облачно време со слаб локален дожд е превземен од МАКФАКС.























