Синот на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, е именуван за негов наследник, објавија иранските државни медиуми.
Како е избран новиот лидер
Иранската државна телевизија го објави изборот на нов врховен лидер читајќи соопштение од Собранието на експерти.
„И покрај тешките воени услови и директните закани од непријателите кон оваа народна институција, и покрај бомбардирањето на канцеларијата на Секретаријатот на Собранието на експерти, во кое загинаа неколку вработени и безбедносен персонал, процесот на избор и презентирање на раководството на исламскиот систем не запре ниту за момент“, се вели во соопштението.
Водителот потоа извика на државната телевизија: „Алаху Акбар, Алаху Акбар, Хамнеи е лидерот“.
Неговиот татко, Али Хамнеи, беше убиен на самиот почеток на нападите на САД и Израел врз Иран. Моџтаба Хамнеи (56) е свештеник кој никогаш не извршувал јавна функција и преживеал воени напади врз Иран.
Врховниот лидер во политичкиот систем на Иран го има последниот збор за сите клучни државни прашања. Изборот на наследник го одлучи Советот на експерти, тело кое има 88 членови, по смртта на Хамнеи.
Во меѓувреме, по неговата смрт, беше формирано привремено тричлено државно раководство, кое го сочинуваа:
Претседателот Масуд Пезешкијан, Врховниот судија Голамхосеин Мохсени Еџеи и свештеникот Алиреза Арафи, водач на паравоената организација Басиџ.
Хамнеи никогаш јавно не го именуваше својот наследник.
Текстот Ирански државни медиуми: Синот на Али Хамнеи е новиот врховен водач е превземен од МАКФАКС.























