Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 22 часот и 17 минути во западните делови на Републиката, беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Република Грција, на околу 200 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.

Текстот Почувствуван земјотрес во западните делови на Македонија е превземен од МАКФАКС.