Седумдесет и осумгодишна жена од Крива Паланка починала во возило на Итната медицинска помош додека била пренесувана кон болница во Куманово.

Како што соопшти полицијата, на 07.03.2026 во 12:50 часот во СВР Куманово од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека на место викано Света Петка, во општина Старо Нагоричане, во возило на Итната медицинска помош Крива Паланка починала пациентката М.Т.(78) од Крива Паланка при транспорт кон Општа болница Куманово.

Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Фото: Depositphotos

Текстот Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош на пат кон болница е превземен од МАКФАКС.