Полицијата заплени оружје и поголема количина муниција при претрес во дом во тетовското село Брвеница.

Како што соопшти МВР, на 07.03.2026, во периодот од 08:30 до 10:30 часот, по наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории кај П.Б.(43) од с.Брвеница.

При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ со две празни рамки, карабин „бенели“ калибар 30-06, рамка од автоматска пушка со 28 куршуми калибар 7,62 милиметри, кутија со 126 куршуми од различен калибар, две празни рамки за карабин 30-06, како и 42 куршуми калибар 9х19 милиметри и други предмети.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Depositphotos

Текстот Арсенал оружје откриен во куќа во Брвеница – пиштол, карабин и стотици куршуми е превземен од МАКФАКС.