Четириесетгодишен жител на скопското село Батинци бил лишен од слобода откако полицијата пронашла оружје кај неговиот малолетен син.
На 07.03.2026 во 14:30 часот во с.Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(40) од с.Батинци, постапувајќи по претходна пријава од 32-годишен негов роднина од истото село. Според пријавеното, околу 12:45 часот во с.Батинци, таткото на С.Д. се однесувал агресивно кон пријавителот и му упатувал закани со дрвен предмет, по што С.Д. му упатил закани дека ќе употреби огнено оружје доколку го пријави татко му.
По преземените мерки, полициски службеници пристигнале на местото на настанот и под облеката на малолетниот син на С.Д. пронашле и одзеле два пиштоли и куршуми од различен калибар“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Текстот Во Батинци уапсен 40-годишник, полицијата пронашла два пиштоли кај неговиот малолетен син е превземен од МАКФАКС.























