Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, најави дека Техеран ќе ги засили нападите врз американски цели на Блискиот Исток доколку продолжи притисокот врз земјата.
„Кога сме нападнати, немаме друг избор освен да возвратиме. Колку е поголем притисокот врз нас, толку нашиот одговор природно ќе биде посилен“, изјави Пезешкијан.
Тој додаде дека Иран нема да попушти пред закани или притисоци.
Пезешкијан нагласи и дека државите од чија територија биле извршени напади врз Иран ќе добијат одговор.
Во исто време, иранскиот претседател изјави дека Иран сака добри односи со соседните земји и ги повика државите во регионот да не дозволат конфликтот да ги сврти една против друга.
Фото: Depositphotos
Текстот Иранскиот претседател: Ќе ги засилиме нападите врз американски цели, немаме друг избор е превземен од МАКФАКС.























