Џенифер Лопез отворено зборуваше за разводот од Марк Ентони, со кого ги има 18-годишните близнаци Макс и Еме, пренесува „Е! Онлајн“.
За време на настап во Лас Вегас таа се пошегувала дека по третиот развод веќе „се извежбала“, но додала дека тоа всушност било многу тежок период.
„Бев блиску да се откажам од сè. Бев самохрана мајка со две тригодишни близнаци“, рекла Лопез, потсетувајќи дека со Ентони беше во брак од 2004 до 2014 година.
Таа откри дека тогаш побарала совет од својата менторка Луиз Хеј, која ѝ рекла: „Кога танцуваш и ќе згрешиш чекор, што правиш?“ Кога Лопез одговорила дека продолжува да танцува, Хеј ѝ рекла: „Така треба – само продолжи да танцуваш.“
Лопез исто така неодамна изјави дека чувствува дека никогаш не била вистински сакана, додавајќи дека проблемот не бил во тоа што таа не може да биде сакана, туку што некои од нејзините партнери не можеле да ѝ ја дадат таа љубов.
Фото: Depositphotos
Текстот Џенифер Лопез откри: Разводот од Марк Ентони беше многу тежок период е превземен од МАКФАКС.























