ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСM продолжува да користи трагедии за политичка промоција, овој пат преку настапот на Каја Шукова на прес-конференција.
Според партијата, со вчерашниот настап Сoцијалдемократскиот покажал дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација.
„На вчерашната прес-конференција, Каја Шукова, копираше кампањи кои се веќе видени во регионот, и за целосно да го долови штосот на СДС преку ова се обиде да ја искористи последната трагедија во земјата како повод за внимание и интерес“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека станува збор за кампањи преземени од Србија и дека тоа, како што посочуваат, покажува дека во СДСМ нема автентичност, креативност, идеја, визија, а ниту суштина.
„СДС продолжува да го прави тоа што го знае најдобро, да копира и да следи туѓи формати од соседните земји“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата додаваат дека настапот на Шукова е уште еден пример како старо-новото раководство на СДСМ создава спектакли кои никому не му будат доверба.
Од партијата обвинуваат и дека СДСМ повторно користи трагедии за собирање политички поени.
„Темата за насилството врз жените е премногу сериозна за Каја Шукова и СДС да ја користат за вакви перформанси во пресрет на 8 март, ден кога треба да се зборува за вистинска поддршка на жените, за безбедност и еднаквост“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативниот и ископиран ПР на СДСМ и копирани сценарија и лица од партија кои се занимаваат со имитација на туѓ симболизам.























