Педесет и едногодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека добивала закани од својот поранешен сопруг.
Како што информира МВР, на 6 март во 18:00 часот во СВР Скопје, жената пријавила дека од јануари 2026 година, поради меѓусебни недоразбирања, нејзиниот поранешен сопруг Ѓ.Р. (46) од Скопје преку мобилниот телефон на нивниот малолетен син ѝ упатувал закани.
Со него е извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Фото: Depositphotos
Текстот Поранешен сопруг ѝ се заканувал на жена од Скопје преку телефонот на нивниот син е превземен од МАКФАКС.























